Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На подрачје на СВР Куманово во текот на 2014 година се евидентирани 33 кривични дела недозволена трговја со оружје, покажува статистиката на МВР.
Ситуацијата е скоро идентична со 2013 година, кога на територија на СВР Куманово се регистрирани 32 кривични дела недозволена трговија со оружје. Во СВР Скопје лани имало 68 случаи на недозволена трговија со оружје, во СВР Охрид 30, СВР Битола 29, СВР Тетово 27, СВР Штип 20, СВР Струмица 7 и СВР Велес 6. Во 17 отсто од откриените кривични дела се работи за недозволена трговија со пиротехника, а 21 отсто отпаѓа на недозволена трговија со муниција. Според податоци на МВР, 23 отсто од оружјето е откриено при откривање на други кривични дела.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk