Триесет и втора седница на Совет

20.09.2010 08:08 | KumanovoNews

 Советот на Општина Кумановo утре ќе ја одржи триесет и втората седница. Пред советниците ќе се најдат 22 точки на дневен ред.

Триесет и втора седница на Совет

 Повеќето се извештаи за работа на дел од основните училишта,јавните претрпијатија и донесување на неколку детални урбнистички планови.

    1.     Предлог – Стратегија за развој на образованието во Општина Куманово за период 2011 – 2016 година;

2.     Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Април – Јуни 2010 година;

3.     Извештај за  финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ Куманово за период од 01.04.2010 до 30.06. 2010 година;

4.     Годишен Извештај за работа на Јавната општинска установа за деца Детска градинка ‘‘Ангел Шајче‘‘ – Куманово за учебната 2009/2010 година;

5.     Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово, во текот на второто тромесечие од 2010 година;

6.     Годишен Извештај за работа на ОУ ‘‘Бајрам Шабани‘‘ – Куманово за учебната 2009/2010 година;

7.     Годишна Праграма за работа на ОУ ‘‘Бајрам Шабани‘‘ – Куманово за учебната 2010/2011 година;

8.     Годишен Извештај за работа на ОУ ‘‘Наим Фрашери‘‘ – Куманово за учебната 2009/2010 година;

9.     Годишна Праграма за работа на ОУ ‘‘Наим Фрашери ‘‘ – Куманово за учебната 2010/2011 година;

10.     Годишен Извештај за работа на ОУ ‘‘Јероним Де Рада ‘‘ – с. Черкези за учебната 2009/2010 година;

11.     Годишна Праграма за работа на ОУ ‘‘Јероним Де Рада ‘‘ – с. Черкези за учебната 2010/2011 година;

12.     Годишен Извештај за работа на ОУ ‘‘Кирил и Методиј‘‘ – с. Романовце за учебната 2009/2010 година;

13.     Годишна Праграма за работа на ОУ ‘‘Кирил и Методиј‘‘ – с. Романовце за учебната 2010/2011 година;

14.     Годишен Извештај за работа на ОУ ‘‘Битолски Конгрес‘‘ – с. Лопате за учебната 2009/2010 година;

15.     Годишна Праграма за работа на ОУ ‘‘Битолски Конгрес‘‘ – с. Лопате за учебната 2010/2011 година;

16.     Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за период од 1 јануари 2010 до 30 јуни 2010 година;

17.     Извештај за извршување на Годишна програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Куманово од 1 јануари 2010 до 30 јуни 2010 година;

18.     Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ “Х.Т.Карпош”, УБ 64, плански опфат меѓу ул. 11-ти Октомври, крак од ул. 11-ти Октомври 1, ул. Борис Кидрич, ул. Киро Фетак и ул. Пролетерски Бригади – Општина Куманово;

19.     Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ “Индустрија”,дел од УБ 78, плански опфат меѓу автопат Е-75, ул.11-ти Ноември, ул.2005, ул. 2000, ул.11-ти Октомври и граница на УБ 78 – Општина Куманово;

20.     Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Тоде Мендол", Урбан блок 62, Плански опфат меѓу ул. "Тоде Мендол", ул. "Ужичка",и ул. "Романовска" – Општина Куманово;

21.     Предлог – Одлука за утврдување на Измена и дополна на Генерален Урбанистички План на Град Куманово;

22.     Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Центар‘‘ и дел од У.Е. ‘‘Благој Стефковски – Гојчо‘‘, У.Б. 43В и дел од У.Б. 43Г, плански опфат меѓу ул.‘‘Доне Божинов‘‘, ул. ‘‘Ленинова‘‘, ул. ‘‘Подземна‘‘, ул. ‘‘Новопланирана 1‘‘, ул. ‘‘Тане Георгиев‘‘, ул. ‘‘Народна Револуција‘‘, ул. ‘‘Илинденска‘‘, ул. ‘‘Трст‘‘, ул. ‘‘Гоце Делчев‘‘ и ул. ‘‘Вардарска‘‘ – Општина Куманово.                                   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk