Триесет вреќи смет собрани околу Домот за пионери

29.07.2019 09:07 | KumanovoNews

Волонтерите од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, викендов чистеа покрај училиштето „Браќа Миладиновци“ и околу „Пионерскиот дом“, при што собраа 30 вреќи смет.

Триесет вреќи смет собрани околу Домот за пионери

Како по обичај во акцијата се вклучија десетина волонтери, а изостана поддршката од граѓаните кои живејат во тој дел на градот.

  „И покрај пеколните температури "Не биди ѓубре" не се откажува од својата цел- чист град. Во сабота беше трета по ред акција во централното градско подрачје, потег на ул. Народна Револуција покрај основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, поранешниот Пионерски дом. На толку кратка релација собравме 30 вреќи уличен смет, највеќе лименки, отпишооци и отпадоци од изедени сендвичи и тостови, по некој шприц и игла. Сеуште нашите сограѓани "бледо" не гледаат, советниците и другите влијателни личности освен  лајк на Фејсбук, не ни се приклучуваат, ни трага ни глас од нов. Благодарност единствено до ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово за логистика со алат за чистење. Продолжуваме со уште поголема енергија и покрај тоа што еднаш исчистените локации веќе се целосно со ново ѓубре, -  изјави Андријана Недељковски, активист на „Не биди ѓубре“.

Следната еколошка акција волонтерите ја организираат на локалитетот Водовод, поточно од кафеаната „ Кај Жмара„ до Мај маркет, во среда во 18 часот. Ги повикуваат сите граѓани, а особено станарите на околните згради кои го создаваат сметот да дојдат и заедно да го исчистат ѓубрето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk