Триесетина деца кои одат во градинка со симптоми на труење од храна побарале лекарска помош

10.05.2021 10:14 | KumanovoNews

 Tриесетина деца со симптоми на труење од храна викендов побарале лекарска помош во Кумановската болница. Поради високата температура, повраќања, диареа и грчеви во стомакот, неколку се задржани на болничко лекување, а останатите се пуштени дома.

Триесетина деца кои одат во градинка со симптоми на труење од храна побарале лекарска помош

Родителите се сомневаат дека децата се затруле од храна во петокот во кумановската градинка.

„Детето имаше температура од 40 степени. Се извадивме од памет и веднаш го однесовме на лекар. Првата дијагноза беше дека можеби е корона, а подоцна и дека се работи за стомачен вирус. Откако со исти симптоми беа донесени и други деца од неговата група знаевме дека имаат проблем донесен од градинка“, раскажува еден родител.

Директорката на градинката „Ангел Шајче“ Марина Алексовска, во кратка изјава ни кажа дека во моментот во градинката се инспектори од Државниот санитарен здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Ги чекаат резултатите од брисевите кои се земени од објектот за да знаат за што се работи.

Повеќе информација најави на прес конференција во 13 часот.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk