Триесетина кумановци добија решенија за легализација на дивоградбите

06.02.2018 11:54 | KumanovoNews

Триесетина граѓани на Куманово денеска добија решенија за легализација на дивоградбите.

Триесетина кумановци добија решенија за легализација на дивоградбите

Решенијата им ги врачија министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалникот Максим Димитриевски.

„Со добивање на решенијата за легализација на дивоизградените објекти граѓаните ќе можат да ги впишат во имотните листови на нивно име. Би сакал да апелирам до сите граѓани кои согласно законот ги испуштија роковите, поради технички недостатоци или непотполни барања беа одбени, повторно да поднесат барања за легализација“,- рече Димитриевски.

Тој додаде дека општината ќе се потруди позитивно да одговори на сите што ги исполнуваат законските услови, но истовремено апелираше до граѓаните да не градат без дозвола, бидејќи ќе бидат санкционирани.

Од почетокот на постапката во Куманово има поднесено 18.000 барања за легализација, над 7000 се одбиени, а над 5.500 барања се решени позитивно.

Министерот Сугаревски потсети дека од почетокот на годината продолжен е рокот за легализиција на дивоградбите во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk