Триесетина кумановски Ромчиња не се запишани во матична книга

18.11.2014 15:43 | KumanovoNews

Повеќе од триесет ромски деца од Куманово не се запишани во матична книга на родени и не одат на училиште.

Триесетина кумановски Ромчиња не се запишани во матична книга

Дополнително уште стотина возрасни Роми, поседуваат стари југословенски документи и немаат извадено нови лични документи. Немањето лични документи на Ромите им го отежнува секојдневното функционирање и затоа ромските организации во наредниот период ќе им посредуваат за добивање на документација.

“Овој проблем не може да се реши колективно, туку поединечно. Пораката што ние ја испраќаме до државата е дека колку побрзо се реши проблемот, толку подобро. Затоа што ако не го решиме проблемот на една мајка денес, таа утре ќе има уште три деца и тој проблем ќе остане нерешен. Така се шири тој синџир кој треба што поскоро да го пресечеме. Нас не радува тоа што посериозно државата влегува во решавање на овој проблем. Има формирано координативно тело со неколку државни институции“ - кажа Мухамед Точи, менаџер на проектот.

Денешната дебата во Куманово ја организираше хуманитарното здружение “Месечина“ од Гостивар во соработка со ДРОМ и Управата за водење на матични книги. Оваа е втора од вкупно осум дебати колку што треба да се одржат низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk