Триесетина нови волонтери во Црвен Крст Куманово

11.02.2016 09:59 | KumanovoNews

Во општинската организација на Црвен Крст Куманово, последниот месец се зачленети триесетина нови волонтери, претежно ученици кои учествуваа на обуките за подготовка на проекти за промоција на хумани вредности.

Триесетина нови волонтери во Црвен Крст Куманово

Поголемиот дел од нив се ученици во средните училишта во градот, и ќе се вклучат во активностите на Црвен Крст.

„Работиме активно на полето на дисеминација, по една дисеминација правиме во основни и средни училишта. Привлекуваме нови волонтери, зголемуваме волонтерски кадар. По првичната помината обука, дисеминација и правила за работа во Црвен Крст, ќе се вклучат во акции на терен“-вели Раде Ристиќ, лидер на клуб на млади на Црвен Крст Куманово.

Во наредниот период волонтерите ќе изработат проекти за промоција на хумани вредности и помош на заедницата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk