Тринаесет награди за математичарите од “Браќа“

26.04.2014 09:07 | KumanovoNews

Учениците од основното училиште “Браќа Миладиновци“ земаа 13 награди на  општинскиот натпревар по математика кој деновиве се оддржа во основното училиште “Христијан Карпош“.

Тринаесет награди за математичарите од “Браќа“

Со тоа се пласираа за учество на регионалните натпреварувања.

  - Ги откриваме, негуваме и надградуваме талентите. На општинскиот натпревар по математика се претставивме со 16 ученици од кои 13 освоија награди. Постигнавме 4 први награди, 4 втори , 3 трети и  две пофалници. Се надевам дека тоа ќе ни биде поттик и ќе ни го отвори патот да продолжиме како што секоја учебна година стигнуваме до врвот, а тоа е најпосакуваното учество на математичка олимпијада - вели Дафина Јосимовска, професор по математика.

Директорката Марина Манојловска вели дека првите места докажуваат дека “Браќа Миладиновци“ е елитно училиште каде сериозно се работи, се вложува во знаењето и способностите на децата.

Регионалниот натпревар по математика ќе се оддржи на 3 мај во “Толи Зордумис“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk