Тринаесет предлози за Ноемвриска награда

07.11.2017 14:38 | KumanovoNews

 Вкупно тринаесет предлози се доставени до Општина Куманово за највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“. Од нив осум се за правни, а пет за физички лица.

Тринаесет предлози за Ноемвриска награда

Како што дознаваме на листата на предложени се: Јоцо-турс, Здружението на армиски и полициски ветерани, Здружението за грижа и воспитување на деца, основното училиште „Наим Фрашери„, сендвичара Максим, фирмата Метуш и порталот Кумановски муабети.

Како поединци: Марјан Стошевски, новинар, Снежа Петковска, новинар, Душка Гиевска, писател,  Душко Алексовски, карпеста уметност и Драган Илиевски, професор.

Одлуката треба да ја донесе Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди откако ќе се конституира Советот на Општина Куманово. Бидејќи конститутивната седница е во четврток,  неизвесно е дали ќе се додели наградата.

Градоначалникот Максим Димитриевски, најави дека ќе го искористи своето право да додели признанија на одредени граѓани или здруженија за Денот на градот- 11 Ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk