Тринаесетта седница на Совет

12.11.2013 11:01 | KumanovoNews

Советниците утре ќе ја одржат тринаесетата редовна седница.

Тринаесетта седница на Совет

 На дневен ред се 8 точки од кои најбитна ќе биде ребалансот на буџетот.

Дневен ред

1. Информација на превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на третото тромесечие од 2013 година;

2. Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ Куманово за период Април – Јуни 2013 година;

3. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2013 година;

4. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2013 година;

5. Измена и дополнување на Буџетот на Општина Куманово за 2013 година;

6. Предлог - План на програми за развој на Општина Куманово за 2014 година;

7. Предлог - Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2014 година;

8. Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2014 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk