Тринаесетта седница на Совет на Општина Куманово

28.06.2018 14:32 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово во среда ќе одржи редовна седница. На дневен ред се пет точки, меѓу кои и извештај за реализација на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово.

Тринаесетта седница на Совет на Општина Куманово

Дневен ред

1. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на недвижна ствар која треба да биде предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

2. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2018 година до 30 јуни 2018 година;

3. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;

4. Предлог - Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек суводолица Бучар – „Канал 1“, „Канал 2“ и „Канал 3“ низ село Романовце, опфатен со планска документација Урбанистички план за село Романовце - Општина Куманово;

5. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk