Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва од 21 часот концерт ќе одржи групата „Шербет“ од Тетово.
Триото го сочинуваа Теодора Ветероска, Марија Костоска и АнаМарија Блажеска, кои се долгогодишни членки на Градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, а изведуваат македонски изворни, новокомпонирани и евергрин мелодии.
Нивната приказна како „Шербет“ ја започнале во ноември 2016 година и за многу краток период постигнале голема популарност. Од формирањето до денес има објавено над 30 видео снимки во живо на кои се изведени македонски изворни, новокомпонирани и евергрин мелодии.
Во март 2017 триото "Шербет" ја добива наградата "3 Март" од Општина Тетово, за придонес во културниот живот во овој град. Во 2018 го издава албумот "Спомен" со модерни преработки на 9 тетовски староградски песни.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk