Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Справувањето со неформалната економија и потребата и значењето да се формализираат тие работни места, како за работниците, така и за општеството, се исклучително важни прашања и во нормални услови, а особено важно во услови на сериозна економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата Ковид-19, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на вчерашната тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“
На настанот беше презентирана „Анализата за ефектот од ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените лица, преку предлог мерки за нивна поддршка“, во организација на Аналитика тинк-тенк, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Шахпаска посочи дека во справувањето со економските последици предизвикани од пандемијата, креирањето на мерки кои ќе ги таргетираат вработените во неформалната економија е голем предизвик, но сепак државата, овозможила и тие да бидат опфатени и тоа на повеќе начини.
„Обезбедена е поддршка преку еднократна парична помош во висина од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија, потоа преку домашната платежна картичка со која беа опфатени 115.927 лица – приматели на социјална помош, невработени евидентирани како активни баратели на работа, млади лица не постари од 29 години, како и над 85 илјади пасивни баратели на работа, “потенцираше министерката Шахпаска.
Таа истакна дека преземањето на системски мерки, кои обезбедуваат долгорочни решенија, како и креирање на политики што се во насока на формализирање на неформалната економија, е она на кое што работи Владата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk