„Трмка“ го зголеми бројот на членови

20.01.2016 12:42 | KumanovoNews

Пчеларското друштво „Трмка“ од општина Старо Нагоричане го зголеми бројот на членови.

„Трмка“ го зголеми бројот на членови

Од формирањето пред Нова година, од 8 пчелари, им се приклучија уште 12 членови и сега имаат вкупно 20 пчелари.

Тоа се претежно постари луѓе кои се родени во нашата општина, а  живеат во Куманово. Ќе направиме една свечена седница на која на членовите ќе им ги врачиме книшките. Луѓето се заинтересирани, го поздравуваат формирањето на ова здружение. Сега е лошо времето и не може да отидеме до сите села, но напролет очекуваме да се зачленат повеќе пчелари - вели Синиша Станојковски, претседател на „Трмка“.

Ова друштво понатаму ќе ги ецуцира пчеларите за теми поврзани со одгледување на пчели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk