Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставата за деца „Трнорушка“, во режија на Бојана Краљевска, во среда, премиерно ќе биде изведена во Кумановскиот театар. Станува збор за детска приказна, којшто зборува за моќта на љубовта да го победи и најголемото зло.
- Бидејќи е универзална приказна, мислам дека е интересна да се погледне и за возрасните коишто можат да уживаат паралелно со најмладите, ќе биде изиграна со дел од нашиот прекрасен ансамбл којшто има сега и три нови сили. Останува да дојде публиката и да погледне што сме направиле. Интересни песни, интересни кореографии се` тоа вклопено ќе ја раскаже оваа приказна „Трнорушка“ која најверојатно сите ја знаат, но еве сега едно наше видување, – вели режисерка Краљевска.
Во претставата играат Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Нина Максимова, Владака Димковска, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ.
- Прво сакам да кажам дека ова ми е првпат да играм во детска претстава и многу сум возбудена. Многу е поинаку да се создава детска претстава од класична претстава, целиот процес на создавање на ликот и создавање на претставата е полн со позитивна енергија и со една ведрина и леснотија која што мислам дека го буди детето кај сите нас во екипата. „Трнорушка“ е супер лик, се чувствувам како да сум во палатата на Дизни, – Димковска.
- Испараќаме универзална порака дека љубовта го победува секое зло. Јас го играм ликот на принцот Фиданчо, мислам дека со принцезата Владанка-Трнорушка направивме едно убаво партнерство, претставата е колоритна со многу убави костими, кореографии, така што мислам дека е претстава којашто ќе им се ндопадне и на возрасните и на децата, ги повикуваме и се надеваме дека ќе им се допадне истиот продукт, – додава Јовановиќ.
Сценографијата е на Крсто Богоjeвски, избор на костими Дарко Илиевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk