Трофеите на Црвена Звезда денеска во Куманово

01.07.2023 08:24 | Сузана Николиќ

На Градскиот плоштад во Куманово денеска од 18 до 21 часот ќе се одржи летниот караван на ФК Црвена Звезда, на кој пред навивачите и љубителите на спортот ќе бидат претставени трофеите на клубот .  

Трофеите на Црвена Звезда денеска во Куманово

„Караванот ја носи двојната круна освоена од првиот тим на ФК Црвена Звезда годинава, како и пехарот од Бари. Сите посетители ќе имаат можност да се фотографираат со пехарите. Тричасовната дружба ќе биде збогатена со музика и дружење на фановите и постарите навивачи на Црвена Звезда со најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот“, вели Емил Ташевски, организатор на манифестацијата во Куманово. 

На настанот официјално се поканети и звездините легенди од овиe простори  Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски и Перо Антиќ.

Големиот летен караван на Звезда за прв пат доаѓа во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk