Тројца кумановци добиле позитивен тест на ковид-19

30.05.2022 16:51 | Сузана Николиќ

Тројца кумановци се регистрирани за новозаразени од ковид-19 во последните 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово. 

Тројца кумановци добиле позитивен тест на ковид-19 Фото: Mufid Majnun, Unsplash

На ниво на државата регистрирани се 151 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.335 тестови. 

По градови во: Скопје – 109, Штип – 9, Битола и Охрид – по 5, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Тетово и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Кичево, Кочани, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 194 оздравени пациенти од: Скопје – 134, Битола – 10, Охрид и Ресен – по 7, Штип – 6, Куманово, Тетово и Берово – по 4, Кавадарци, Велес, Кичево и Свети Николе – по 3, Прилеп и Струга – по 2, Струмица и Дебар – по 1.

Во Куманово во моментот активни се 6 случаи на ковид-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk