Тројца новозаболени и 34 оздравени од коронавирус во Куманово

14.09.2020 12:55 | KumanovoNews

 Во Центрот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се три нови случаи на ковид -19 и 34 оздравени.

Тројца новозаболени и 34 оздравени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа направени се 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 20, Куманово 3, Тетово 3, Струга, Кочани и Гостивар 2, Крива Паланка 1...

Починати се 4 лица, пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит. Од Скопје 41, Куманово 34,Тетово 13 и др.

 Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk