Тројца новозаболени од коронавирус во Куманово

13.07.2021 11:47 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово регистрирани се три нови случаи на ковид-19.

Тројца новозаболени од коронавирус во Куманово

„Сите три лица се од Куманово, не се странци. Станува збор за две жени и еден маж, се работи за помлади лица“, вели директорот Ариф Љатифи.  

Во Куманово последните две недели немаше новозаболени, а и бројот на активни падна под десет.

На ниво на државата во последните 24 часа направени се 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на ковид-19. По градови во:Тетово – 11, Скопје и Куманово  – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево - по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68711, Активни 66

Куманово 8887, Активни 12

Прилеп 8328, Активни 3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk