Тројца патници повредени во сообраќајна незгода

01.09.2023 13:28 | KumanovoNews

Тројца патници се здобиле со повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера на  магистралниот  пат Куманово-Крива Паланка, во атарот на село Ругинце, кумановско.

Тројца патници повредени во сообраќајна незгода

Патничко моторно возило „цитроен“,  со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 38-годишната И.Ј. од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот, информираат од МВР.

По несреќата, И.Ј, како и сопатниците Б.Ј. и И.Ј. биле пренесени во Општата болница Куманово, каде им се констатирани повреди.

 За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk