Тројца починати и 23 нови случаи на корнавирус во Куманово

08.08.2021 13:00 | Сузана Николиќ

Три лица од Куманово починаа во болнички услови од компликации на короноварис, соопштува Министерството за здравство. 

Тројца починати и 23 нови случаи на корнавирус во Куманово

Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на ковид-19. По градови од: Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод  – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола - 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1.

Пријавени се 4 починати лица : 3 од Куманово (29 ,49 и 74) и еден од Гостивар (78), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 69397, Активни 603
Куманово 9058, Активни 145
Прилеп 8354, Активни 24
Тетово 7924, Активни 572
Битола 6373, Активни 57
Велес 5488, Активни 12
Гостивар 5420, Активни 221.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk