Тројца починати и 28 новозаболени од коронавирус во Куманово

28.10.2020 20:04 | KumanovoNews

 Во изминатото деноноќие во Куманово починале тројца пациенти од компликации на коронавиирус, а 28 се новозаболени.

Тројца починати и 28 новозаболени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата регистрирани се рекордни 870 нови случаи на ковид-19, а направени се 2647 тестирања. По градови во: Скопје 422, Тетово 64, Струмица 55, Велес 38, Битола 29, Куманово 28, Штип 25, Крива Паланка 5, Свети Николе 4, Кратово 3 и др.

Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83), тројца од Куманово (65, 71 и 53), еден пациент од Дебар (80), двајца од Прилеп (55 и 56), еден од Тетово (63), еден од Велес (65), еден од Струмица (68), еден од Радовиш (72) и еден пациент од Кратово (75). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од: Скопје 142, Куманово 14, Штип 8, Прилеп 9, Тетово 21, Струга 2 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања на ковид-19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk