Тројца починати и 75 новозаболени од коронавирус во Куманово

02.04.2021 17:01 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 1.320 нови случаи од 4.174 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 50 болни починаа од ковид-19.

Тројца починати и 75 новозаболени од коронавирус во Куманово

Новорегистрираните се од: Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево – 6, Свети Николе и Македонски Брод – по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево – 3, Кратово и Пехчево – по 1.

 Од починатите, 19 од Скопје (95, 92, 86, 84, 81, 80, 80, 78, 76, 75, 73, 73, 70, 70, 68, 62, 61, 60, 58), 4 од Кичево (63, 62, 56, 53), по 3 пациенти од Куманово (74, 74, 56), Битола (73, 69, 55), и Штип (82, 67, 53), по 2 од Прилеп (82, 53), Велес (77, 70), Струмица (84,74) , Кочани (66, 63) и Крива Паланка (77, 53), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46), Гостивар (65), Кавадарци (65), Охрид (58), Струга (72), Неготино (62) и Ресен (76). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.

Регистрирани се 457 оздравен пациент од Скопје – 133, Прилеп – 46, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Велес – 22, Гостивар – 20, Штип – 19, Тетово и Неготино – по 18, Битола, Гевгелија и Струмица – по 15, Кочани – 12, Кичево – 8, Свети Николе – 7, Берово – 6, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Делчево и Виница – по 4, Валандово – 3, Крива Паланка, Демир Капија и Македонски Брод – по 2, Охрид, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19.

Вкупно ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 132.740, од кои оздравени се 108.197, починати се 3.860, а активни се 20.683.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 59394, активни 10281

Прилеп 7190, активни 1106

Куманово 7020, активни 966.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk