Тројца повредени, автомобил излетал од патот во Пелинце

01.04.2021 10:56 | KumanovoNews

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, во атар на с.Пелинце, кога возило излетало од патот.

Тројца повредени, автомобил излетал од патот во Пелинце

Според МВР, во 16.25 часот патничко возило „пежо 106“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

По незгодата Е.К и сопатниците М.С.(22) и М.К.(21), сите од Куманово, биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај М.К. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Е.К. и М.С. се констатирани повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk