Трoјца повредени откако возило излетало од патот Куманово - Свети Николе

26.02.2021 10:46 | KumanovoNews

 Три лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна незгода која вчера во 16.20 часот се случила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кога патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Трoјца повредени откако возило излетало од патот Куманово - Свети Николе

 Како што соопштува МВР,  во незгодата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk