Тројца повредени при судир на два автомобили и мотор на раскрсницата на „Ѓорче Петров“ и „Трајко Прокопиев“

03.06.2025 14:24 | KumanovoNews

Едно лице потешко и две полесно се повредени во сообраќајна несреќа, која синоќа се случила на раскрсницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Тројца повредени при судир на два автомобили и мотор на раскрсницата на „Ѓорче Петров“ и „Трајко Прокопиев“

„Во 21.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Трајко Прокопиев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од Ф.Т.(23) од Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(25) од Куманово и мотоцикл „хонда“, управуван од П.Н.(37) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т. и Е.С., констатирани во болницата во Куманово“, соопшти МВР. 

Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk