Тројца повредени при судир на возило на Кумановската болница и автомобил во Скопје

22.04.2023 11:43 | Сузана Николиќ

На крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, синоќа во 23.20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и  возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.  

Тројца повредени при судир на возило на Кумановската болница и автомобил во Скопје

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

(Фото. Општа болница Куманово)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk