Тројца повредени во сообраќајка кај Ново Село

08.07.2015 12:17 | KumanovoNews

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу 8.30 часот,  се случи на стариот пат Куманово-Скопје, кај Ново Село.

Тројца повредени во сообраќајка кај Ново Село

До незгодата дошло кога автомобил “ауди а4“ со кумановски таблички управуван од С.Ј.(19) од село Ропаљце, не држел растојание и удрил одзади во комбе “ивеко“ со битолски таблички, кое го управувал Б.П.(48) од Куманово. Сопатник од комбето и двајца сопатници од “ауди а4“, се здобиле со повреди и се пренесени во Општа болница Куманово.

Кај жената има напрснување на четврто ребро на десен граден кош. Таа е примена во дневна болница и е под опсервација. Едниот маж има истегнување на врат и набивање на десниот лакт. Кај вториот се работи за огреботини на кожата во пределот на десната подлактица. Жената прима терапија, и најверојатно и таа ќе биде пуштена - рече Зоран Стојковски, дежурен хирург.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Куманово и работи на утврдување на причините за несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk