Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на с.Псача, општина Ранковце.
Сообраќајката се случила вчера во 14.45 часот, помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З.К.(52) од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(48) од Република Србија.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.К.(21) од Крива Паланка, констатирани во Општа болница во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка“, соопшти МВР.
По нереќата повеќе од три часа беше во прекин сообраќајот на на овој патен правец и километарски колони да автомобили чекаа да заврши увидот на надлежните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk