Тројца повредени во сообраќајна несреќа на регионален пат Куманово-Арачиново

27.08.2023 11:50 | Жаклина Цветковска

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионален пат Куманово-Арачиново.

Тројца повредени во сообраќајна несреќа на регионален пат Куманово-Арачиново

Во атарот на с. Орланци, во близина на депонијата, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(27) од с.Никуштак, општина Липково, и патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Џ.(63) од Куманово“, информираат од МВР.

 По несреќата сопатничката во возилото „шкода“ Н.Е.(65) од Арачиново била пренесена во Општата болница Куманово каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, додека двајцата возачи и сопатничките во возилото „опел“  Н.Ш.(69) од Р.Србија и Х.Ш.(37) од Р.Косово биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

 Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk