Тројца тинејџери истепале нивен врсник

30.10.2013 13:53 | KumanovoNews

Ф.Л.(15), С.С.(16) и Ф.С.(17) од Куманово кон крајот на септември годинава без повод и причина го истепале Н.С.(15).

Тројца тинејџери истепале нивен врсник

Тројцата насилници околу 18.30 часот додека се возеле со автомобил на улицата “Страшко Симонов“ Ф.Л. излегол од возилото и без повод и причина го нападнал Н.С. удирајќи го по главата и телото. Потоа и останатите двајца излегле од автомобилот и го удирале момчето по целото  тело при што му нанеле телесна повреда.

Кумановската полиција против тројцата насилници поднесе кривични пријави за “учество во тепачка“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk