Тројца загинаа, шестмина повредени од експлозија на плинска боца во Романовце

23.02.2020 11:17 | KumanovoNews

 Три деца го загубиле животот, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во  кумановското село Романовце.

Тројца загинаа, шестмина повредени од експлозија на плинска боца во Романовце

Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството.

Од Пропивпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10.10 часот, и веднаш излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.

 „Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот, - велат пожарникарите.

 Од МВР известуваат дека на 23.02 околу 10,00 часот во Куманово-с.Романовце во куќа, сопственост на Ш.А од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.

Известен е Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел да се утврдат причините кои довеле до несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk