Тројца загинати - воз удрил во автомобил во Романовце

22.07.2018 12:15 | KumanovoNews

Три лица го загубиле животот во страотна сообраќајна несреќа што околу пладне се случила на железничкиот премин во селото Романовце, во близина на игралиштето.

Тројца загинати - воз удрил во автомобил во Романовце

Според неофицијални информации, до несреќата дошло кога голф со скопски таблички ја преминувал железничката пруга и во него удрил воз. Сопружници и дете од Арачиново го загубиле животот, а четвриот патник успeал да скокне од автомобилот.

МВР потврди дека несреќата се случила во 11.45 часот,  на м.в. „Превој“, на обележан железнички патнички премин, кога товарен воз на Македонски железници удрил во патничко моторно возило голф со скопски регистерски таблички, управуван од Н.Б, а возилото сопатници биле С.Б., З.Б.и И.Б. сите од Арачиново.

Во несреќата загинале возачот и двете сопатнички, додека четвртиот сопатник И.Б. пред ударот успејал да скокне од возилото, и поминал без повреди.

На лице место излегла екипа на ОЈО и полицијата, и увидот е во тек. По наредба на обвинителот, телата ќе бидат предадени на семејството.

По несреќата железничкиот сообраќај кон Република Србија е во прекин.

Увид на местото на настанот врши полицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk