Тромеѓани бараат пат и канализација

03.11.2010 15:11 | KumanovoNews

 Жителите на селото Тромеѓа се жалат дека со години наназад газат кал и немат решение за отпадните води и фекалиите од куќите и домаќинствата и покрај тоа што се на 5 километра од градот.

Тромеѓани бараат пат и канализација

Затоа бараат од Општината нивните проблеми да се најдат на приритетната програмата на локалната самоуправа за нивно што поскоро решавање.

Има решено дел од патната инфраструктура во должина од 2 километри, но остануваат 7 километри за реализација.Иста е состојбата И со канализационата мрежа, 2 километри се решени i треба да се изгради мрежа од околу 9 километри. Ние како месна заедница ги изнесовме барањата до Локаланата самоупрва, но проблемите се уште чекаат- вели Митре Станојковски претседател на месната заедница Тромеѓа.

Еден од горливите проблеми на жителите на Тромеѓа е уличното осветлување.

Во сметката за струја ни одбиваат по 112 денари секој месец за осветлување, а во селото нема ниту една сијалица што свети. Децата од школо доаѓаат со батерии во рацете. Да не зборуваме за канализацијата, барата во селото се наполни од полската канализација и се соочуваме со еколошка катастрофа- се жалат жителите.

Селото Тромеѓа брои 1350 граѓани од кои најголемиот дел егзистираат од земјоделие.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk