Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од најпознатите српски бендови, Тропико бенд, ќе пее на мега концертот на 10 ноември на Градскиот плоштад, по повод Денот на ослободувањето на Куманово.
Мега концертот ќе започне во 21 часот, по што ќе следува спектакуларен огномет.
По повод празникот ќе има богата програма со спортски и културни настани. Во недела на Градски кеј ќе се одржи Меѓународна велосипедска трка “Трофеј 11 Ноември 2014“, организирана од велосипедски клуб “Вело - М“ и Општински сојуз на спортови.
На 7 ноември во Спортската сала ќе се одржи турнир во мал фудбал за пехар на градоначалникот. Во Гимназија “Гоце Делчев“ на 8 ноември ќе се одржи турнир во пинг - понг. Истиот ден во село Режановце ќе се одржи Празијада. На 9 ноември Спортско риболовно друштво “Пчиња“ ќе го организира 12 - от по ред Меѓународен куп во спортско риболовство.
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ на 10 ноември во 19 часот ќе се отвори ликовна изложба “Карпино 2014“. Истата вечер во Уметничката галерија во 20 часот ќе се отвори изложбата “Кумановски ликовни уметници“.
На 11 ноември на Спомен костурница ќе биде положено цвеќе и ќе има пригодна програма за празникот. Истиот ден во Уметничката галерија ќе биде отворена изложбата “70 години слободно Куманово“. Во 19 часот во МКЦ“Козјак“ ќе се одржи свечена седница на Советот на општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk