Tрошоците за живот во декември бележат пораст од 14,2% за истиот период во 2021

10.01.2023 08:32 | Оливера Пешевска

Зголемување на трошоците за живот од 14,2% и цените на мало за 12,6% имало во декември 2022 година во однос на декември 2021 година. Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика главно покачувањата се должат на растот на цените на прехрамбените производи и транспортните трошоци.

Tрошоците за живот во декември бележат пораст од 14,2% за истиот период во 2021

Пораст на индексите е забележан во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 20.9 %, транспорт за 19.5 %, ресторани и хотели за 15.5 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 13.3 %, разновидни стоки и услуги за 8.9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8.6 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.5 %, рекреација и култура за 4.9 %, здравје за 4.0 %, облека и обувки за 1.8 %, комуникации за 0.4 % и образование за 0.3 %.

 Интересен е податокот дека во декември трошоците за живот бележат минимално намалување во однос на трошоците за ноември 2022год од минимални 0,2%  и тоа главно се должи на пад на цените на  свежиот и разладениот зеленчук и овошје,маслото и маснотиите,сирењето и урдата,течните горива за домаќинства,горивата и мазивата за сопствени превозни средства итн. Декември е и единствениот месец во целата година кој бележи некакво намалување на целокупните трошоци за живот.

Во текот на изминатата година пораст на индексите на цените на мало е забележан во сите групи: индустриско-прехранбени производи за 20.1 %, земјоделски производи за 16.0 %, индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14.2 %, пијалаци и услуги за 8.3 %. Цените на мало имаат пораст за 0,7% во однос на ноември 2022 год.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk