Тротоари и лежечки препреки побараа жителите на Бедиње на денешниот протест

27.12.2020 13:55 | KumanovoNews

Жителите од населбата Бедиње денеска ја блокираа едната коловозна лента на регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од ингорантскиот однос на локалната и државната власт кон инфраструктирните и сообраќајни проблеми, со кои секојдневно се соочуваат, и им ја загрозуваат безбедноста.

Тротоари и лежечки препреки побараа жителите на Бедиње на денешниот протест

Тие тврдат, дека откако е реконструиран патот се случуваат сообраќајни несреќи, поради непочитување на собраќајните правила и прописи. Се вози со голема брзина, а улицата нема тротоар, пешачки премини ни сообраќајни знаци. Затоа бараат почести сообраќајни контроли во населбата.

„Под итно да се преземе нешто. Сообраќајќи има секоја недела и тоа и со жртви. Немаме тротоар, немаме каде да се движиме. Кога копаа за вода ни го уништија тротоарот. Овде летаат додека возат. Бараме да се постават знаци и лежечки полицајци. Нешто да се преземе од Општината, бидејќи ние самите не можеме ништо да направиме“, вели Вукица Николовска.

Минатата недела се случиле две сообраќајни несреќи, во едната џип излетал од патот и влетал во помошните  простории на семејството Јовчевски. Причинета е само матерјална штета на сопственикот, која најверотно ќе му се надомести, но тој вели дека сигурноста нема цена.

„Ова не првпат да се случува вакво нешто. Се прават големи пропусти кои предизвикуваат вакви катастрофи, кои не само матерјално, туку го загрозува и животот на луѓето. Јас спиев кога се случи несреќата, кога станав видов дека џип удил во помошната просторија и ја урнал“, раскажува Павле Јовчевски.

Тој објаснува дека на раскрсницата каде денеска протестираа порано имало знак дека тоа место е црна точка во сообраќајот и ограничувањето на брзината било 30 км/час, но по реконструкцијата дозволената брзина е зголемена на 50 км/час, а знакот со предупредување за опасност не е вратен. Тоа дополнително ги охрабрило неразумните возачи кои секојдневно дивеат додека поминуваат низ нивната населба.

За сите проблеми претставници од населбата ја известиле локалната власт и се сретанале со градоначалникот, но велат дека од таму се уште немаат одговор кога ќе се реализира договореното.

„Сакаме да ни се решат основните инфраструктирни проблеми во Бедиње, инаку вака не бива. Бевме кај градоначалникот и тој ни вети дека ќе се стави тампон, за да можат пешаците да се движат покрај улицата. Но, еве помине една недела и никој не ни одговара. Поради тоа се одлучивме за протест. Ние имаме и друг проблем, а тоа е каналот кој постојано е затнат, гледајте ова на што личи, ако сте пешак, можете да се движите само по улица, друг простор нема“, изјави Ивица Димитриевски.

Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека тротоарите во оваа населба се повеќедецениски проблем, а Општината ќе се заложи да ги изгради следната година. Дотогаш ќе се изврши тампонирање, но за да се реализра таа активност треба да дозволат временските услови.

„Инаку за поставувањето на лежечките полицајци, овој пат е регионален и во наделженост на Агенцијата за државни патипшта, ние се обидовме во неколку наврати да иницираме поставување на средсtва за успорување, но за жал не добиваме согласност од надлежните органи. Потребно е да се постави но, очигледно се чека на промена на правилниот во МВР“, изјави Димитриевски.

Жителите на Бедиње најавија дека доколку за две неделе не се постапи по нивните барање, ќе организираат нов проетест со што ќе ја блокираат целата улица.

(С.Николиќ)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk