Тунели за дезинфекција ќе се постават во Кумановската болница и Центарот за јавно здравје

11.04.2020 09:49 | KumanovoNews

Tри тунели за дезинфекција ќе бидат инсталирани во Општа болница Куманово и Центар за јавно здравје Куманово за дополнителна дезинфекција на персоналот и корисниците на услугите.

Тунели за дезинфекција ќе се постават во Кумановската болница и Центарот за јавно здравје

 Металната конструкција е изработена на барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од тимот на професори од Техничкото училиште "Наце Буѓони" Куманово и фирми донатори.

-  Се заблагодаруваме за досегашниот ангажман и продолжуваме во понатамошен обид да произведеме дополнителни количини за останатите институции во градот, - информираше градоначалникот Максим Димитриевски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk