Тура за толеранција во Куманово

06.10.2015 16:30 | KumanovoNews

Со уличен перформанс на Градскиот плоштад попладнево 30 млади од различни земји испратија порака за толеранција, и покажаа дека луѓето без разлика на религија и националност можат да соработуваат.

Тура за толеранција во Куманово

Турата за толеранција после Приштина, го посетува Куманово, а  потоа ќе продолжи во Лесковац, Сарајево, Бања Лука, Вуковар, Нови Сад, градови каде имало војни или конфликти.

Се трудевме да опфатиме повеќе градови и држави кои што имаат постконфликтно минато. Има млади од 14 различни земји, при што повеќето се од балканските земји, исто така има млади од Кипар, поделена држава на турски и грчки дел и од кавкаскиот дел , Ерменија, Азарбејџан и Грузија кои имаат конфликти - изјави Матеј Маневски од Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово.

Турата за толеранција ја организира меѓународната организација Млади за размена и разбирање, а е поддржана од ЦИД.

Имаме и театарски перформанс, кој прикажува сцени во семејството кои зборуваат за љубовта. За забранета љубов, односно за тоа колку е тешко да се оствари својата љубов ако е другата личност од различна религија и националност и тоа е она за што зборуваме. Зборуваме за мир, љубов и колку е важно да си слободен да сакаш - вели Тамара Гојковиќ од организацијата Млади за размена и разбирање од Брисел.

Театарскиот перформанс ќе биде во Младинскиот центар “Мулти Култи“ , каде ќе има и изложба на фотографии и дискусија со учесниците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk