Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет пожари со запалена сува трева и стрништа имало во последното деноноќие во кумановско.
Од 18.25 до 19.25 е изгасната запалена сува трева во Агино Село. Сува трева горела и во село Романовце кај патарината, при што пожарна интервенирала од 19.10 до 20 часот и го изгаснала огнот.
Во село Ваксинце е интервенирано на запалено стрниште од 20.45 до 21.55 часот и пожарот е локализиран.
Во населба Перо Чичо горела сува трева и таму е интервенирано од 21.15 до 21.58 часот.
Запалено стрниште во населба Карпош е изгнасато во период од 23.15 па се до 35 минути по полноќ.
Во сите пет случаи Територијална противпожарна единица Куманово интервенирала со едно возило и четворица пожарникари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk