Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Промоција на туристички атракции во пограничниот регион во 3Д формат ќе се врши во наредниот период преку проект кој ќе се реализира во рамките на програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
„Основна цел е изработка на 3Д промотивни видеа кои што ќе бидат искористени за промоција на туристичките локалитети во секоја од општините, кои што се дел од ќустендилската област или од североисточниот регион. ,- изјави Денис Жерновски, проект менаџер.
Исто така во рамките на проектот ќе се изврши реконструкција на големата сала во општинската зграда на Крива Паланка и ќе се набави соодветна опрема со која што ќе може да се прожектираат овие 3D видеа.
Проектот се реализира преку Севроисточниот плански регион во Кумановово, а има за цел да го подобри туристичкиот потенцијал на регионот со примена на иновативни средства за туристичка промоција, а надлежните се надеваат на зголемување на бројот на туристи, социјална и регионална кохезија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk