Туристичка промоција на Кокино во странство

24.02.2015 09:22 | KumanovoNews

Мегалитската опсерваторија Кокино, црквите и манастирите од кумановско во март ќе бидат промовирани на три саеми за туризам во Германија, Шведска и Русија.

Туристичка промоција на Кокино во странство

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе ги промовира убавините на Македонија, при што ќе бидат опфатени знаменитости, локалитети, верски храмови од сите региони на земјата.

“Ја промовираме археологијата, историјата, храната. Ќе биде промовирана опсерваторијата Кокино, како и цркви и манастири каде има сместувачки капацитети. На страницата Македонија вечна самиот турист може да види по региони, во кое место што може да посети и сместувачки капацитети. Секоја година ја презентираме Македонија на 14 саеми“ - вели Никола Ѓошев од Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Досега туристичките потенцијали на Македонија се презентирани во Холандија, Финска, Србија, Бугарија и други земји.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk