Туризмот, земјоделството и инфраструктурата приоритети на Севeроисточниот регион

12.12.2017 15:21 | KumanovoNews

 Проекти за развој на туризмот и земјоделството, како и подобрување на патната инфраструктура во Североисточниот регион ќе се најдат во новата платформа за регионална рурална акција, која треба да се реализира во наредните две години.

Туризмот, земјоделството и инфраструктурата приоритети на Севeроисточниот регион

Работилницата за ажурирање на акциониот план во Севроисточниот плански регион, се одржа викендов во Охрид, а учествуваа претставници од шестте општини и Центарот за регионален развој на североисточниот плански регион, невладиниот и бизнис секторот во регионот.

„ Идентификувани се некои нови проекти, кои што се надеваме дека ќе бидат успешно реализирани и дека ќе придонесат за позначаен економски развој на Сероисточниот плански регион.Заеднички за сите општини е потребата од реконструкција и изградба на постојната и нова инфраструктура, која што е основен предуслов за поекстензивен економски развој, но истовремено беше очигледно дека кај сите општини постои свест дека туризмот и земјоделието како две најперспективни гранки за овој регион треба понатаму да се развиваат“, - изјави Денис Жерновски, тренер консултант.

Проектите ќе бидат финасирани од националните и локални буџети, но и со помош од ЕУ и другите донаторски организации УСАИД и ГИЗ.

Документот ќе биде готов до крајот на годината и ќе биде промовиран во Куманово, а е дел од активностите на Платформа за регионална рурална акција (ПРРА), механизам за поддршка на оддржлив економски равој во Североисточниот плански регион, воспоставена врз основ на Закон за меѓуопштинска соработка и се реализара од страна на Центар за развој на Североисточен плански регион, со техничка и финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Програмата на Обединети нации (UNDP).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk