Турнеја “ДА“ за книга во Куманово

21.04.2015 13:20 | KumanovoNews

Турнејата „ДА“ за книга, организирана од издавачката куќа “Матица Македонска“ од Скопје, од четврток до сабота ќе се одржува во Куманово.

Турнеја “ДА“ за книга во Куманово

Читателите во Куманово ќе имаат можност да се дружат со илјадниците наслови и автори од богатата продукција на „Матица Македонска“. Во и пред платото на библиотеката „Тане Георгиевски“, ќе бидат одржани и неколку промоции и средби со истакнати македонски автори. Во четврток во 11 часот, на отворањето на манифестацијата ќе биде претставена едицијата „Античка философија“ објавена во девет книги од акдемик Витомир Митевски. За Платон, Аристотел, Сократ, Доцната антика итн ќе говори проф. д­р Весна Томовска. Во петок, пред читателите во Куманово ќе се претстави младиот Милош Димковски со својот роман „Парада на марионетките“, а во сабота, романот кој сите со нетрпение го очекуваат, приказната која ги освојува срцата на македонските читатели „Бездомникот со златен часовник“ на Верче Карафилоска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk