Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Гимназијата “Гоце Делчев“ денеска се одржува турнир во пинг-понг во чест на 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.
На турнирот организиран од пинг-понг клуб „Куманово“, Општински сојуз на спортови и локалната самоуправа учествуваат пинг-понгари од повеќе градови од Македонија.
По шести пат се организира меѓународниот турнир во пинг-понг “Куманово 2015“. Учесници имаме речиси од цела Македонија, од Битола, Крива Паланка, Кочани, Скопје, Куманово, гости од Пожега, Република Србија. Ќе се игра во категорија на кадети и кадетки и ветерани. За сите првопласирани ќе има медали, пехари, дипломи - изјави Мики Трендафиловски, тренер во пинг-понг клуб “Куманово“.
Од клубот “Крива Паланка“ од истоимениот град учествуваат шест пинг-понгари. Нивниот тренер Виорел Уце вели дека најважно е децата да стекнат искуство затоа што некои од нив прв пат се натпреваруваат.
Блиску е па решивме да ги доведеме. Секоја чест за градот, убаво е што се организира турнир во пинг-понг преку година - вели Уце.
Кумановската пинг-понгарка Ива Димитриевска која досега има многу успеси во овој спорт, вели дека подолго време се подготвувала за турнирот.
Пола година се подготвував и попладне ќе се натпреварувам. Пет години се занимавам со пинг-понг и имам добри резултати - рече 14 годишната Димитриевска.
Овој турнир е дел од низата манифестации кои се организираат по повод 11 Ноември-празникот на градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk