Турски државјанин со камион излетал на патот Куманово-Крива Паланка

01.02.2016 14:03 | KumanovoNews

Б.А.(34) од Турција вчера управувајќи  камион Мерцедес, излетал од патот кај село Петралица на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.

Турски државјанин со камион излетал на патот Куманово-Крива Паланка

Тој околу 23.30 часот во место викано Потрчин дол изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Во несреќата причинета е само материјална штета, а повредени нема.

Увид на лице место изврши полицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk