Турскиот театар ќе ја изведе „Слуга на двајца господари“

13.10.2015 08:51 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, Турскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“.

Турскиот театар ќе ја изведе „Слуга на двајца господари“

Оваа комедија е работена по текст на Карло Голдони, а во режија на Јуџел Ертен и се прикажува на 18-от по ред театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2015“. Во комедијата настапуваат: Тамер Ибрахим, Несрин Таир, Емине Кадриу, Неат Али, Сефедин Нуредини, Аида Елези, Селпин Керим, Осман Али и Ерман Шабан. “

„Слуга на двајца господари“ од Карло Голдони е напишана 1753 година. Тоа е комедија за љубов и леб. Во комедијата  Турчинот Шабан, истовремено им служи на двајца господари, едниот Македонец а другиот Албанец за да заработи некој денар повеќе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk