“У кафанче карши Станче“ ќе игра во Велес

12.09.2014 07:49 | KumanovoNews

Претставата “У кафанче карши Станче“, во која играат кумановските пензионери, на 21 септември ќе биде прикажана во Центарот за култура “Бели мугри“ во Велес.

“У кафанче карши Станче“ ќе игра во Велес

„Кабаретската претстава е на кумановски дијалект и предизвикува внимание. Претставата трае 50 минути, во неа играат 20 актери, а текстот е на наши автори пензионери“ - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Со прикажувањето на претставата ќе се одбележи Светскиот ден на пензионерите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk