Уапсен дилер на дрога и неговата мајка

02.07.2010 14:40 | KumanovoNews

 Виктор М.(35) и неговата мајка Слободанка М.(60) биле уапсени утринава во полициска акција, кога во нивниот дом била пронајдена поголема количина на дрога и девизи.

Уапсен дилер на дрога и неговата мајка

 Полицијата по предходни сознанија ја претресла нивната куќа на улицата „Ангел Шајче„ во центарот на градот пронашла 500 грама хероин, помала количина марихуиана, 35 илјади швајцарски франци, 2 илјади 400 американски долари, 100 евра, 45 илјади денари, како и  дигитална вага за мерење, 17 мобилни телефони и најлонски фолии за пакување на дрогата.

 При претрес на куќата мајката се обидела од прозорецот да ја фрли дрогата која била пронајдена во нејзината соба, додека Виктор скокнал од прозорецот на втори  и се обидел да побегне од куќата, но го сочекале и фатиле полицајците што биле пред куќата-изјави началничката на аналитика Валентина Николовска.

Синот и мајката се приведени и задржани во полиција и во текот на денот ќе бидат изведени пред Истражен судија во Основниот суд во Куманово.

Виктор М. е познат извршител на кривични дела од областа на препродажба на наркотични сретства, тешки кражби, учество во тепачки, поради што повеќепати бил осудуван, а по две пресуди треба да одлежи казна затвор во траење од 13 месеци.

Запленетата дрога била наменета за наркопазарот во кумановскиот регион, а девизите најверојатно ги заработил од вносниот бизнис.

Запленетата дрога и парите се предадени на вештачење.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk