Уапсен државјанин на Косово додека крадел пари од банкомат во Куманово

02.02.2021 12:21 | KumanovoNews

   Државјаниин на Косово утринава е уапсен додека се обидувал да изврши кражба на банкомат во центарот на Куманово.

Уапсен државјанин на Косово додека крадел пари од банкомат во Куманово

Како што соопшти МВР, во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.

Во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk